Планетата Земја дефинитивно се менува, а со неа и целиот живот. Пример за тоа е и ситуацијата со турското езеро Туз.
Нови сателитски снимки открија неколку причини за загриженост. Сателитот Сентинел-2, во сопственост на Европската вселенска агенција, направи снимки од езерото кое некогаш било второто најголемо во Турција. Ова езеро во период од едно година е целосно исушено, а останато е само сол од него.
Езерото беше едно од најголемите солени езера во светот, а чии води типично надоаѓаа и се повлекуваа зависно од годишното доба. Но, намалувањето на водостојот стана подоминантен во изминатиот период, така што се помалку има вода. Влијанието на агрикултурата и климатските промени за себе оставија само пространство сол без вода.
Фотографијата е анализирана во склоп на Коперникус програмата на ЕУ, а откри во каква состојба е езерото годинава. ова езеро, како и сите други солени езера, се создава кога дното ја задржува надојдената вода. Оваа вода носи сол и други минерали од реки и потоци, а потоа водата испарува зад себе оставајќи различни материјали. Езерото Туз се формира од дождовница и стопен снег кои се наоѓаат во него секоја пролет.
Станува збор за плитко езеро со длабочина од 1 метар, а водата сега испарува повеќе од претходно и остава слој од 8 сантиметри сол. Оваа претерана количина ја унапреди локалната индустрија во регионот која од езерото извлекува околу 250 милиони тони резерви сол.
Но, како и сите останати извори, така и овој пресушува. Постојат две причини за тоа, климатските промени и големата суша во овој регион.
Извор: Klix.ba