Милијардерот Бил Гејтс предупреди на самитот на ОН за климата во Глазгов COP26 дека, покрај пандемиите, постои и нова опасност за човештвото.
Тоа, рече тој, може да бидат терористички напади со биолошко оружје. Затоа тој повика да се инвестираат милијарди долари во таканаречените „Микробиски игри“, со цел човештвото да биде соодветно подготвено.
Гејтс го изјави ова за време на дискусијата со Џереми Хант, претседател на Комитетот за здравство и благосостојба на британскиот парламент и поранешен британски министер за здравство.
Основачот на „Мајкрософт“ повика на формирање глобален пандемски тим во Светската здравствена организација.
ALERT: Bill Gates has warned of bioterrorist attacks and urged international authorities, including the World Health Organization, to prepare by engaging in “germ games.”
More: https://t.co/Cmc3lEjYDW pic.twitter.com/ndFYTrMopV
— eatlovepray21 (@eatlovepray211) November 4, 2021
„Веројатно ќе бидат потребни околу милијарда годишно за оперативната група за пандемијата на ниво на СЗО, која врши надзор и всушност го прави она што јас го нарекувам „игри со бактерии“ каде што вежбате“, рече Гејтс.
Тој даде и пример како терористите можеле да нападнат неколку аеродроми во исто време со вирусот на сипаници, па тоа би можело да биде едно од сценаријата за вежбање на „Микробиолошките игри“ за да се подготват за евентуален напад.
Тој објасни дека има природно предизвикани епидемии, но дека тие можат да бидат и последица на биотероризам и како такви може да бидат полоши од природни. Сепак, како што додаде, напредокот во науката треба да ни даде алатки за подобар одговор отколку што имаме сега.
Милијардерот рече дека земјите како САД и Велика Британија треба да инвестираат десетици милијарди во истражување и развој за да бидат подготвени за следната пандемија.
Тој исто така изјави дека се надева дека светот за пет години ќе биде подготвен да одговори на евентуална нова пандемија, но дека за тоа е потребна сеопфатна инвестиција во развој и истражување.
„Ова може да доведе до многу иновации, а за да бидеме подготвени за евентуална нова пандемија, треба да ги искорениме грипот и настинката, да ги направиме вакцините евтини, да имаме големи фабрики, да направиме вакцини кои би можеле да бидат во форма на мал фластер што го ставате на рака и сето тоа би било многу корисно дури и да нема пандемија“, рече Гејтс.