Федералната комисија за комуникации го одобри проектот на сателитски интернет кој компанијата Boeing го предложи во 2017. година.
Одобрувањето од FCC значи дека Boeing може да почне со изградба, лансирање и користење на сопствена интернет мрежа од вселената, со што ќе сму е приклучи на конкурентот SpaceX.
Планот на Boeing вклучува лансирање на 132 сателити во ниската орбита на Земјата на надморска височина од 1.056 километри, додека дополнителни 15 ќе бидат лансирани во негеостационарната орбита на надморска височина помеѓу 27.355 и 44.221 километри. Компанијата сака да ги користи своите сателити за да понуди „интернет и комуникациски услуги за жителите, владините и деловните корисници во САД, Порторико и Девствените острови“ додека мрежата е во изградба, а кога ќе биде завршена, нејзините услуги ќе бидат достапни низ светот.
Сите 147 сателити ќе работат на V-band фреквенцијата на безжичниот спектар во однос на фреквенциите Ka и Ku, што ги користат Starlink мрежата на SpaceX или идните Project Kuiper сателити на Amazon. V-band фреквенцијата овозможува побрз пренос на податоци, но носи поголем ризик од пречки бидејќи повисоките фреквенции имаат повеќе проблеми со минување низ цврсти предмети.
SpaceX претходно изрази загриженост за предлогот на Boeing, бидејќи ниската орбита е веќе пренатрупана и новите сателити би го зголемиле ризикот од судир.
Boeing сега има шест години да лансира половина од својата консеталција на сателити и девет да ја комплетира целата мрежа. Компанијата побара од FCC да ги ублажи тие барања, но барањето беше одбиено.
SpaceX и Amazon имаат многу поголеми планови за своите мрежи, бидејќи се планираат лансирања на повеќе илјади сателити.
Поврзани артикли