Samsung ја почна својата кампања за Android 12 со лансирањето на One UI 4 бета програмата минатиот месец, дозволувајќи им на сопствениците на Galaxy S21 серијата да ја испробаат раната верзија на Android 12. Оттогаш, јужнокорејскиот гигант објави уште неколку бета ажурирања, со додадени нови функции и поправени грешки.
Третата One UI 4 бета верзија беше објавена пред две недели и ги поправи грешките врзани со виртуелната RAM меморија, тастурата на Samsung и друго. Сега Samsung штотуку објави нова One UI 4 бета верзија за Galaxy S21 серијата, што дополнително го подобрува целокупното софтверско искуство.
Според извештаите на корисниците на XDA-Developers форумите, Samsung почна да ја воведува четвртата One UI 4 бета верзија на Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra. Ажурирањето тежи 807,27 MB и ја носи верзијата на фирмвер G998BKSKSU3ZUK1 / G998BOKSM3ZUK1 / G99kBKSKSU3ZUK1. Иако најновата бета верзија не воведува некои големи промени, таа коригира многу грешки и проблеми пријавени од бета-тестерите.
Новото ажурирање почна да пристигнува на Galaxy S21 моделите во Јужна Кореја и на другите пазари. Ако сте на третата One UI 4 бета верзија, наскоро би требало да добиете ново ажурирање. One UI 4 содржи многу нови функции и визуелни промени, вклучувајќи го и редизајнираниот панел за брзи поставки, подобрен темни режим, нови виџети на почетниот екран, нови ефекти за полнење, подобрено искуство со повеќе задачи и многу повеќе.