Германската компанија M-sense објави твит во кој го споредува логото на Meta со своето лого, посочувајќи дека тие се речиси идентични.
Објавата стана вирална, а корисниците на Twitter одговорија со уште неколку примери.
„Почестени сме што логото на нашата апликација ги инспирирале Facebook – можеби ќе се инспирираат и од нашата политика за приватност на податоците“, напишаа накратко на официјалниот Twitter профил на германската апликација.
We are very honoured that @facebook felt inspired by the logo of our migraine app – maybe they’ll get inspired by our data privacy procedures as well ? ?
#dataprivacy #meta #facebook pic.twitter.com/QY7cota36r— M-sense Migräne (@msense_app) October 29, 2021
Како одговор на твитот, неколку корисници презентираа уште неколку примери на идентични логоа, како оние што ги користат Webex, Mobius, Microsoft…
Социјалните мрежи веќе неколку дена се полни со реакции за новиот деловен потег на Марк Закерберг. На крајот на октомври милијардерот соопшти дека овој чекор претставува ребрендирање на компанијата, што наиде на бројни осуди.