Германската компанија „Ем-сенс“ (M-sense) имаше објава на Твитер во којашто го споредува логото на „Мета“ на Марк Закерберг, со своето лого, посочувајќи дека тие се речиси идентични. Објавата стана вирална, а корисниците на Твитер одговорија со уште неколку примери.
„Почестени сме што логото на нашата апликација го инспирираше Фејсбук – тие може да бидат инспирирани и од нашата политика за приватност на податоците“, напишаа накусо на официјалниот Твитер-профил на германската компанија.
Како одговор на објавата, корисници прикажаа уште неколку примери на слични логоа, на „Вебекс“, „Мобиус“, „Мајкрософт“…
Промената на името на Фејсбук предизвика лавина хумористични коментари, но и критики… Социјалните мрежи веќе неколку дена се полни со реакции за новиот деловен потег на Закерберг. На крајот на октомври, милијардерот објави дека овој чекор претставува ребрендирање на компанијата, што наиде и на бројни негодувања и осуди.
Поврзани артикли