Корејските технолошки компании изгубија 35 проценти од својата вредност во однос на 2018 година, а многу од нив ја користат тековната криза за да ги откупат своите акции и на крајот да ја повратат својата вредност на берзата.

Јужна Кореја поради растечката економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ги намали финансиските ограничувања за откуп на акции, што сега најмногу ги користат најголемите технолошки фирми во Кореја за да ги откупат своите акции.

Аналитичарите проценуваат дека во оваа мера најмногу прибегнале Samsung и Hyundai, но се очекува истото да го направи и LG.