Компанијата ги демонстрираше можностите на мотоциклот со краток лет на неколку метри од земјата на тркачка патека во близина на планината Фуџи
Reuters објави дека јапонски стартап, поддржан од фудбалерот Кеисуке Хонда, се надева дека ќе ги убеди богатите да гo купат нивниот hoverbike по цена од 77,7 милиони јапонски јени (околу 682.000 долари).
A.L.I. Technologies овој лебдечки мотоцикл го нарекле XTurismo Limited Edition, а опремен е со конвенционален мотор комбиниран со четири електрични мотори кои му овозможуваат на мотоциклот да лебди 40 минути со брзина до 100 km/h. „Досега изборот беше помеѓу движење на земја или на небо. Се надеваме дека ќе понудиме нов метод на движење“, вели за Reuters извршниот директор на компанијата, Даисуке Катано. Самиот црно-црвен hoverbike има четири пропелери, а во режим на мирување користи „лизгачи“ за слетување.
Стартапот, спонзориран од индустриските тешкаши Mitsubishi Electric и Kyocera, го демонстрираше мотоциклот со краток лет на неколку метри од земјата на тркачка патека во близина на планината Фуџи. Директорот на компанијата наведува дека употребата на мотоциклот ќе биде ограничена, и дека нема да смеат да лебдат на места над преполните јапонски патишта. Сепак, нивните ховербајкс може да ги користат и спасувачките тимови за да стигнат до тешко достапни места, вели тој.
Комерцијален успех за A.L.I. Technologies, чии добавувачи го вклучуваат производителот на мотори Kawasaki, ќе помогнат да се зајакне индустриската предност на Јапонија во услови на генерациска промена кон нова технологија, како што се автономните и електричните возила.