Новиот извештај кој доаѓа од познатиот типстер на Weibо, Digital Chat Station, а го пренесува GSM Arena, ни дава идеја за тоа како ќе изгледа дизајнот на претстојниот Xiaomi 12 телефон. Клучниот заклучок е дека телефонот ќе понуди висок screen-to-body однос.
Секако, водечките уреди од последните неколку години по дефиниција имаат висок сооднос меѓу екранот и телото, но дното на самиот телефон често остануваше малку подебело од останатите рамки. Само неколку постоечки смартфони имаат симетрично тенки рамки од сите страни. Xiaomi 12 најверојатно ќе има помал долен дел, кој ќе одговара на бочните странит и тоа ќе го зголеми соодносот уште повеќе во споредба со неговиот претходник.
Ќе има и мала искривеност од страна, што не е изненадување, но судејќи според машинскиот превод од кинески, типстерот сугерира помала закривеност од претходно. Покрај тоа, засекот за предната камера ќе биде значително помал отколку на Xiaomi 11 серијата.
Извештајот не прецизира дали промените се однесуваат и на стандардниот модел и на Pro верзијата, или само на вториот.
Поврзани артикли