Најновата верзија на оперативниот систем на Apple macOS наречен Monterey отсега е достапен за преземање.
Неколку месеци наназад, корисниците можеа да го инсталираат оперативниот систем во бета верзија, но сега е подготвен за финална употреба.
Традиционално, Apple ја најави новата верзија на macOS на WWDC конференцијата во јули, а меѓу новитетите се можноста за подесување на Mac за AirPlay и прикажување на содржини од iPhone и iPad, како и софтверот Shortcuts.
Најголемите новитети како Universal Control и Share Play во почетокот нема да бидат достапни, а корисниците ќе ги добијат малку подоцна оваа есен.
Universal Control овозможува drag – drop функција за трансфер на датотеки помеѓу неколку различни машини, а нуди и можност за контрола на повеќе Apple уреди.
SharePlay ќе овозможи заедничко уживање во музика, ТВ емисии, филмови и слично за време на FaceTime разговори. Ќе може да се користи со Apple Music, Apple TV+ и неименувани популарни услуги од трети страни.
Прелистувачот Safari доживеа редизајн и сега користи потрадиционален интерфејс наместо контроверзниот нов дизајн кој беше претставен на WWDC.
Уреди кои го поддржуваат Monterey се iMac (крај на 2015. и понови), iMac Pro (2017. и понови), Mac Pro (крај на 2013. и понови), Mac Mini (крај на 2014. и понови), MacBook Pro (почеток на 2015. и понови), MacBook Air (почеток на 2015. и понови), MacBook (почеток на 2016. и понови).
За инсталација на Monterey направете ги следниве чекори: System Preferences – Software Update (или напишете Software Update во Spotlight). Откако ќе ви се појави информација дека Monterey e достапен за инсталација, кликнете на Upgrade Now за почеток на процесот на инсталација.
Извор: Klix.ba