Realme неодамна во Кина официјално го објави Realme GT Neo2T, а сега се појавуваат се повеќе извештаи дека компанијата се подготвува наскоро телефонот да го објави и за глобалните пазари.
Нагажањата за глобалната објава се појавија откако телефонот се појави на Google Play Console листинг, кој воглавно е добар показател дека одреден уред пристигнува на пазарите вон Кина.
Realme GT Neo2T има 6.43-инчен AMOLED дисплеј, со FHD+ резолуција и 120Hz стапка на освежување на екранот, а во punch-hole отворот е сместена 16MP камера. На задната страна се наоѓаат 64MP главен сензор, 8MP ултраширока и 2MP макро камера.
Телефонот го покренува MediaTek Dimensity 1200-AI чипсет, заедно со до 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Уредот го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 65W брзо полнење. На полето на софтверот, тука е Realme UI 2.0, заснован на Android 11.