Redmi потврди дека Note 11 серијата телефони на компанијата ќе биде објавена на 28 октомври. Сега профилот на Weibo страницата објави и тизер за Redmi Watch 2 (наследникот на минатогодишниот модел Redmi Watch), кој исто така ќе биде претставен на 28 октомври.
Тизер фотографијата не го прикажува Redmi Watch 2 во полн сјај, но имаме увид во екранот на часовникот и репозиционираното копче од страна. Watch 2 се очекува да има поголем екран, што би значело повеќе од 1,4 инчи колку што изнесуваше дијагоналата на минатогодишниот паметен часовник.
Дојавувачот Digital Chat Station објави некои информации за Redmi Watch 2, заедно со фотографии од уредот. Watch 2 треба да има поголем екран, снимање на спортските параметри на уредот, следење на здравјето и отпорност на вода. Најавено е и дека ќе биде задржана цената од достапниот сегмент.