Подбрендот Redmi на Xiaomi објави дека ќе ја претстави својата Note 11 серија телефони на 28 октомври во Кина.
Компанијата објави i неколку постери на својot Weibo профил, откривајќи punch-hole дисплеј и систем со три камери на задната страна. Од десната страна од рамката, телефонот има копчиња за јачина на звук, додека на горната страна има приклучок од 3,5 мм, со IR blaster и JBL звучник.
Се очекува дека следната недела ќе бидат претставени повеќе од еден телефон, но Redmi не објави кои уреди ќе ја сочинуваат серијата Note 11. Гласините претходно ги споменуваа Note 11 и Note 11 Pro.
Redmi Note 11 Pro би требало да има Dimensity 920 SoC, 120Hz OLED екран и батерија од 5000mAh што ќе има полнење до 67W или 120W. Стандардниот Redmi Note 11 исто така има батерија од 5000mAh, со поддршка за полнење од 33W. Тука е и чипот Dimensity 810 чипсетот и LCD екран од 120Hz. Двата телефони ќе бидат достапни во верзии од 6GB/128GB и 8GB/128GB за RAM меморија и простор за складирање, додека Pro моделоќе има и опција од 8GB/256GB.
Повеќе детали за Redmi Note 11 серијата телефони би можеле да бидат објавени неколку дена пред нивното официјалната објава.