Instagram оваа недела добива еден куп нови функции, а меѓу нив конечно е и можноста за додавање нови фотографии и видеа на десктоп. Иако досега беше можно логирање на Instagram од десктоп и преглед на содржини, за објавување фотографии и видеа беше потребен мобилен уред.
Тоа наскоро ќе се промени, бидејќи Instagram на 21. октомври ќе добие можност за додавање фотографии и видеа преку десктоп браузер. Истите ограничувања, кои моментно постојат во апликацијата ќе важат и за оваа верзија, така што корисниците ќе можат да комбинираат фотографии и видеа со должина помала од 60 секунди.
Иако Instagram очигледно се прослави на телефоните, пристапот до истите функции од десктоп беше често барана карактеристика во текот на годините. Бидејќи бизнисите и професионалните креатори на содржини се потпираат на Instagram поради публицитет, способноста за уредување фотографии и видеа во компјутерските апликации, а потоа нивна објава ќе биде корисна надградба.
Во меѓувреме, за оние кои се уште ги користат апликациите, Instagram додава некои нови функции за соработка. Instagram Collabs ќе овозможат двајца корисници ефикасно да бидат коавтори на објавите и Reels. Врз основа нa постоечкиot систем на обележување, сега ќе можете да поканите некого да ја сподели објавата со вас.
Во меѓувреме, на постовите ќе им се додадат нови опции за собирање парични средства. Со притискање на копчето “+” ќе се прикаже нова непрофитна опција, која можете да ја додадете за да соберете пари за добротворни цели.
Instagram додава и нови Reels ефекти кои ги прикажуваат работите како 3D стихови кои се синхронизирани со музиката и други специјални ефекти врзани за позадината.
Новите функции ќе почнат да се појавуваат од денеска, а се очекува до крајот на неделата да им станат широко достапни на корисниците.