Возачот на камионот не го видел Model 3 и немал поим дека турка електричен автомобил на автопатот…
Секојдневно, на интернет се појавуваат мноштво видеа кои прикажуваат различни инциденти на автопатиштата ширум светот. Меѓутоа, еден од нив посебно се издвојува и покажува како камион удира во Tesla Model 3 во задниот дел, по што продолжува да го турка автомобилот по автопатот нешто помалку од еден километар.
Возачот на Tesla Model 3 наведува дека минувал покрај камионот по десната лента, додека камионот извесно време возел по левата лента. Сепак, непосредно пред целосно да го помине камионот, возачот на камионот одлучил да ја смени лентата надесно, удирајќи во задниот дел на автомобилот.
Tesla Model 3 завршил странично пред камионот, но возачот на камионот не забележал што се случило, продолжувајќи да го турка автомобилот по автопатот.
На крајот камионот застанал бидејќи возачот забележал дека „нешто не е во ред“. Откако излегол од камионот, сфатил што всушност го кочи.
Наводно, Tesla Model 3 бил во режим на автопилот, а возачот истакнува дека бил предупреден кога камионот сакал да смени лента, но „било касно за се“. Тој, исто така, изјавил дека се обидел да се оддалечи, но силата на камионот, кој се движел со брзина од 70 km/h, била преголема за да може да го совлада автомобилот.
За среќа, нема повредени. Возачот на камионот, нормално, е прогласен за виновен, а поправката на Tesla Model 3, на која сопственикот требал да чека со месеци, чинела околу 20.000 долари.