Различни индустриски извори во повеќе наврати сугерираа дека Apple може да имплементира засек во дисплејот на претстојните MacBook Pro модели.
Новите MacBook Pro лаптопи ќе имаат нов дисплеј дизајн, речиси без рамки и според естетиката би требало да потсетуваат на новите iPad и iPhone модели. Во засекот, наводно, ќе биде сместена 1080p камера, TrueTone сензор и микрофон. Претходните гласини споменуваа и FaceID сензор во овој засек, но тоа изгледа нема да се случи.
Претстојните MacBook Pro лаптопи би требало да имаат екрани од 14 и 16 инчи, со 3456×2234 и 3024×1964 резолуции (откриени во macOS бета) и 16:10 однос на страници. Се очекува дека екраните ќе бидат Mini LED и ќе можат да достигнат 1000 нита осветлување.
Според претходните наводи, двата лаптопа ќе го отфрлат Touch Bar и ќе користат потрадиционална тастатура. Touch ID сенорот ќе биде присутен, но сега со позадинско осветлување.
Новите MacBook Pro лаптопи ќе имаат и голем избор на портови, со HDMI, Thunderbolt и читач на SD картички, 3.5mm приклучок и MagSafe конектор.