Samsung неодамна го најави Unpacked part 2 настанот за 20. октомври, а многумина помислија дека ова може да биде моментот на официјална објава на Galaxy S21 FE, кој досега беше одложен неколку пати.

Сепак, според различни извори, кои ги потврдуваат меѓусебните твитови на Твитер, Galaxy S21 FE нема да биде објавен за време на Unpacked настанот.

Масовното производство на Galaxy S21 FE е преместено за декември. Поради тоа, сите извори сугерираат дека телефонот ќе биде објавен во текот на јануари, а еден извор споменува и конкретен датум: 11 јануари.

Доколку ова се оствари и Galaxy S21 FE биде објавен во јануари, тоа дополнително ќе потврди дека објавувата на Galaxy S22 серијата ќе се одржи во текот на февруари, за да не се засени презентацијата на S21 FE моделот.