Со своите 90 години, канадскиот актер Вилијам Шатнер денеска направи кратко патување во вселената и стана нејзин најстар посетител.
Капетан Кирк кој публиката го засака во „Ѕвездени патеки“ со леталото „Њу Шепард“ од компанијата на Џеф Безос, Blue Origin, по долго доцнење одлета во вселената и така го постави рекордот како најстар човек кој бил во вселената, а се врати по 10 минути престој.
Настанот првично беше закажан за 12. октомври, но беше поместен за ден подоцна поради силниот ветер кој го зафати регионот околу платформата за лансирање во Тексас.
Шатнер во серијата „Star Trek“ го играше ликот на капетанот Џејмс Т. Кирк, кој командуваше со вселенското летало USS Enterprise, а подоцна се појави и во филмовите.
Џеф Безос, сопственикот на Blue Origin, го покани Шатнер на ова патување токму поради неговата улога во „Star Trek“.
Извор: Tanjug.rs