Samsung ги претстави Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 како први водоотпорни флексибилни телефони, а компанијата сега откри колку напорно се потрудила овие телефони да траат долго. Објавено е видео кое покажува ригорозни тестови на кои се подложени уредите пред да бидат пуштени во продажба.
Според официјалната изјава на јужнокорејската компанија, флексибилните телефони можат да издржат 200.000 свиткувања без оштетувања. Ова значи дека корисникот може да го отвора и преклопува телефонот 100 пати на ден во текот на пет години.
Тестовите во коморите, кои симулираат различни средини, гарантираат дека телефоните ќе продолжат да работат дури и во екстремни временски услови, на суво или влажно, топло или студено.
Galaxy Z Fold3 и Flip3 беа подложени и на тестови на потопување, како и екстензивни тестови за S Pen.
Извор: Benchmark.rs