Honor претходно вети дека Google Services ќе пристигнат на телефоните на компанијата до крајот на годината, а сега имаме информации кој смартфон ќе биде прв на пазарот со оваа поддршка. Според официјалниот Твитер профил на компанијата се работи Honor 50, чија објава во Европа се очекува на 26 октомври.
Honor 50 му помогна на брендот да ја добие позицијата на најголем продавач на телефони во Кина, а компанијата веројатно се надева на сличен успех на европските пазари. Засега, делува дека во Европа ќе биде достапен само Honor 50, а не и Honor 50 Pro кој беше објавен во Кина.
Стандардниот Honor 50 се уште е солиден избор за оние кои сакаат телефон со високи перформанси, со одличен систем на камери. Телефонот има Snapdragon 778G чипсет со 5G конекција, Android 11 со GMS поддршка, главна камера од 108MP и селфи сензор од 32MP. Уредот го напојува 4300mAh батерија, со поддршка за полнење од 67W, а батеријата се полни од 0-70% за 20 минути.
Поврзани артикли