Samsung ги сертификуваше кинеските варијанти на Galaxy S22 телефонот кај 3C агенцијата, а листата открива дека ниту еден од моделите не поддржува повеќе од 25W кога станува збор за брзо полнење. Ова значи дека дури ни S22 Ultra нема да добие поддршка за 45W стандардот, и покрај сугестиите од претходните гласини.
Можното објаснување за ваквиот расплет може да биде дека ова се однесува само за моделите кои ги покренува Qualcomm чипсет. S22 Ultra со Exynos 2200 чип и прилагоден GPU на AMD може да добие поголеми брзина на полнење. Бидејќи овие модели нема да бидат достапни во Кина, тие не се дел од оваа сертификација.
Уредите со ознаки SM-S9010, SM-S9060 и SM-S9080, би требало да бидат Galaxy S22, Galaxy S22+ и Galaxy S22 Ultra. Сите ќе го користат Samsung EP-TA800 25W адаптерот, кој е во понудата на Samsung од објавувата на моделот Galaxy Note10 во август 2019 година.
Доколку Samsung се држи до поддршката за 25W полнење во рамкките на уште една генерација, јужнокорејската компанија ризикува да заостане зад своите Android конкуренти, кои обично нудат два до три пати поголеми брзини на полнење, а има и примери со поддршка за 125W полнење.