Најновото ажурирање на системскиот софтвер за Playstation 5 конзолата пристигна овој четврток и е задолжен за подобрување на перформансите на системот.
Корисниците на најновата конзола на Sony ќе почувствуваат мало забрзување во функционирањето на системот, но освен овој додаток нема други новитети. Ова ажурирање не е толку обемно и масивно како претходната надградба на системот, објавена на 15 септември, што донесе можност за проширување на капацитетот за складирање со дополнителен M.2 SSD.
Претерано е да се очекува дека секое ажурирање за PS5 ќе донесе значајни новитети, но иднината на освежувањето на оваа конзола е секако светла, бидејќи од Sony изјавија дека имаат фантастични и возбудливи идеи кои ќе ги доведат на Playstation 5.