Sony A7 серијата камери со текот на годините стекна голема популарност, како меѓу професионалците, така и меѓу ентузијастите кои бараат “full-frame” модели без огледала, од горниот сегмент. Актуелниот модел е A7III, а во претстојните недели се очекува објава на излегувањето на A7IV моделот.
Објавувата на камерата го сугерира сајтот Mirrorless Rumors, а Sony A7IV се очекува да биде претставен на 21 октомври. Кога станува збор за спецификациите, се очекува нов 33MP сензор, 3,69 dot EVF LCD дисплеј, а A7IV ќе може да снима 4К видео @30fps и @60fps.
Присутен е и главен LCD екран и поддршка за HDMI со целосна големина, UHS-II SD картички UHS-II и CF Xpress мемориски картички и друго. Кога станува збор за дизајнот, не се очекуваат промени и A7IV ќе има ист проводник на топлина како A7S III.
Извештајот посочува дека A7IV фотоапаратот може да чини околу 2.500 долари, што значи дека ќе биде наменет за корисниците кои сакаат да ја надградат својата фотографска опрема.