Samsung Galaxy A13 5G би требало да биде најдостапниот телефон на јужнокорејската компанија, а неговата објава се очекува на почетокот на 2022. година. Благодарение на дојавувачот @OnLeaks и сајтот Zouton, имаме рендери кои ни даваат увид во дизајнот на A13 5G моделот.

Телефонот ќе има куќиште од пластика, а интересна карактеристика е недостатокот на класично испакнување за камерата. Сите сензори се самостојни и засебно се издигнуваат креирајќи повеќе единствен изглед.

sam2_542.jpg
Galaxy A13 5G користи 6.48-инчен IPS LCD панел, што значи дека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката. Екранот нуди 2340 x 1080p резолуција. На задната страна се сместени 50MP f/2.0 главна камера, 5MP f/2.2 ултраширока и 2MP сензор за длабочина.

Останатите спецификации вклучуваат Dimensity 700 чипсет, со комбинација од 4GB/64GB и 8GB/128GB опции на меморија и простор за складирање. Уредот го напојува батерија со капацитет од 5000mAh, со поддршка за 25W полнење.

sam3_148.jpg

Очекуваната цена на Samsung Galaxy A13 5G е 290 долари. Објавата на уредот се очекува до крајот на годината, а почетокот на продажбата во текот на раните месеци од 2022. Galaxy A13 5G ќе биде достапен во црна, бела, црвена и сина боја.