Според објавата на дојавувачот Digital Chat Station, Apple почнал со тестирање на новиот дисплеј со брзина на освежување од 120Hz, кој ќе има punch-hole отвор за селфи камерата.

Споменатиот дизајн веќе извесно време го имплементираат производителите на Android  телефоните, за да се намали просторот кој камерата го зазема на екранот, така што не се работи за целосно ново решение.

Овие наводи се совпаѓаат со претходните информации, објавени од аналитичарот Минг-Чи Куо, кој тврди дека iPhone 14 ќе има punch-hole отвор за камерата. Марк Гурман од Bloomberg претходно сугерираше дека Apple може да користи нов дизајн за iPhone 14, така што додавањето засек во екранот може да биде една од промените.

iPhone 13 линијата на Apple претставува надградба во однос на своите претходници, но таа е маргинална, така што корисниците кои сакаат нешто повеќе ќе мора да го почекаат iPhone 14 за да добијат поголема надградба.