Motorola го претстави најновиот член на Е серијата телефони – Moto E40. Станува збор за буџетски модел, кој скоро во секој поглед треба да го надмине неодамна најавениот Moto E20.
Moto E40 има 6,5-инчен HD+ LCD екран, со брзина на освежување од 90Hz и punch hole отвор, а го покренува Unisoc T700 чипсет. Уредот го напојува батерија од 5000mAh, која се полни преку USB-C порт.
Во сегментот на камерите, E40 користи главен сензор од 48MP, како и 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Предната камера од 8MP е задолжена за селфи фотографии.
Телефонот има 4GB RAM и 64GB простор за складирање, со можност за проширување преку слот за microSD картичка. На задната страна, која има избразден дизајн, се наоѓа и сензор за отпечатоци од прсти, сместен во Moto логото.
За софтверска поддршка е задолжен Android 11 со Moto MyUX интерфејс. Motorola истакнува дека батеријата од 5000mAh нуди два дена работа, а се полни преку USB-C порт.
Moto E40 пристигнува во Carbon Gray и Pink Clay варијанти на бои, а цената и достапноста ќе бидат објавени подоцна