Компанијата HMD Global го претстави новиот таблет компјутер под името Nokia T20
Новиот таблет го пренесува квалитетот на телефоните на Nokia на голем екран со многу функции и батерија која трае долго. Уредот поседува 10,4-инчен екран со резолуција 1200×2000 пиксели и светлина од 400 нита. Т20 има една задна камера од 8MP, додека предната селфи камера има резолуција од 5MP.
T20 не претставува премиум уред, со оглед на тоа што го покренува скромниот Unisoc Tiger T610 чипсет, во комбинација со 3GB или 4GB RAM и 32GB или 64GB простор за дскладирање (со microSD слот за проширување).
Таблет уредот на Nokia пристигнува со батерија од 8.200 mAh која овозможува 15 часа скролање на социјалните мрежи, 7 часа конференциски повици или 10 часа гледање на најновите филмови. Таблетот на Nokia поддржува и брзо полнење.
Почетната цена на таблетот изнесува 200 евра за Wi-Fi 3/32GB моделот, додека 4G LTE варијантата ќе има почетна цена од 240 евра.
„Горди сме што секогаш ги слушаме и ги исполнуваме желбите на купувачите. Во текот на минатата година забележавме пораст на употребата на таблети поради пандемијата, па затоа направивме таблет кој ќе одговара на потребите на луѓето. Таблетот е дизајниран за работа, учење и игри, а го има истиот квалитет што луѓето го очекуваат од нашите смартфони“, изјави директорот на HDM Global, Флоријан Сеше.
Поврзани артикли