По preview верзијата објавена за време на I/O 2021 конференцијата и по неколку бета тестови, следната верзија на оперативниот систем на Google е подготвена за конечна објава.
Google објави дека почнал со додавање на изворен код на оперативниот систем во Android Open Source Project (AOSP). Ажурирањето моментно не е јавно достапно на ниту еден постоечки уред, но тоа би требало наскоро да се промени.
Google истакнува дека со испораката на Android 12 на Pixel уредите ќе почне во nekoj момент во наредните недели, додека достапноста на уредите na Samsung, OnePlus, Oppo, Realme, Tecno, Vivo и Xiaomi ќе следува подоцна во текот на годината.
Откако оперативниот систем ќе пристигне на уредите, корисниците можат да го испробаат новиот Material You дизајн, да користат ажурирана сигурносна табла која вклучува листа на сите податоци до кои се пристапиле апликациите на телефонот и можност за креирање скриншотови при скролање, нов режим за користење со една рака и друго.