Болните и непријатни дијализи би можеле да станат минато благодарение на иновативниот вештачки бубрег, чиј прототип е веќе успешно демонстриран во САД.
Според достапните податоци, бубрезите предизвикуваат повеќе смртни случаи од рак на дојка или простата, и иако се можни трансплантации, побарувачката е секогаш поголема од количината на достапни органи. Исто така, постои ризик телото на пациентот да го отфрли органот и затоа дијализата и натаму е најодржливата опција, иако процесот е комплициран и заморен за пациентите.
Меѓутоа, тоа би можело да заврши, бидејќи американското Министерство за здравје и социјални услуги (HHS) и Американското здружение за нефрологија (ASN) формираа партнерство со намера „да ги забрзаат иновациите во превенцијата, дијагнозата и третманот на бубрежните заболувања“, а резултатот од нивниот заеднички живот е првиот вештачки бубрег.
Изумот е развиен како дел од проектот Kidney Project, а се работи за имплантабилен био-вештачки бубрег кој веќе доби награда од 650.000 долари за првата демонстрација на функционален прототип.
„Визијата за вештачки бубрег е да им се овозможи на пациентите целосна подвижност и подобри физиолошки резултати од дијализа. Овој бубрег ветува многу подобар квалитет на живот за милиони луѓе ширум светот кои доживеале затајување на бубрезите”, се вели во соопштението.
Предноста на вештачкиот бубрег е тоа што не предизвикува реакција на имунолошкиот систем, како и фактот дека пациентите би можеле да се ослободат од често болните и непријатни дијализи, како и од лековите кои го потиснуваат имунитетот во случаите на на трансплантација на бубрег.
Поврзани артикли