Компанијата Xiaomi наводно работи на смартфон кој ќе има 4К екран.
Медиумите известуваат дека Xiaomi се подготвува да претстави паметен телефон кој има 4K екран и дека наскоро ќе се појави на кинескиот пазар.
Се уште неименуваниот смартфон ќе има 6,5-инчен 4K OLED екран со резолуција од 3,840 x 2,160 пиксели, што значи 672 пиксели по инч.
Sony во моментов е единствениот производител на паметни телефони што користи 4K екрани, а неговиот најнов уред, Sony Xperia 1 III има 6,5 инчен екран со 643 ppi.
Ова значи дека Xiaomi ќе ја преземе титулата за најдобра резолуција на екранот во светот на смартфоните. За жал, многу е можно дека уредот ќе биде ексклузивен за кинескиот пазар.
Истата ситуација е и со Civi моделот на Xiaomi, кој има екран од 6,55 инчи и е достапен само за купувачите во Кина.