Poco го претстави вториот член од својата C-серија теелфони, а компанијата во Индија го официјализираше Poco C31 во Индија.
Poco C31 го покренува Helio G35 чипсет, во комбинација со до 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање. Има и слот за microSD картичка, за проширување на меморијата до 512 GB. Телефонот од самиот старт го користи Android 10 оперативниот систем.
C31 има 6,53-инчен 20:9 HD+ дисплеј, со TUV Rheinland Reading Mode сертификација и селфи камера од 5MP. Има три камери на задната страна, со главна од 13MP, макро и 2MP сензор за длабочина. Под камерата е сместено логото на Poco, додека десно во центарот е сензорот за отпечатоци.
Poco C31 има P2i нано облога, заштита од влага, прашина и течности за SIM слотот и портовите. Батеријата има капацитет од 5000mAh и Poco тврди дека лесно издржува над 1000 циклуси на полнење без деградација.
Телефонот ќе биде достапен во Royal Blue и Shadow Grey варијанти на бои, со цена од околу 115 долари за моделот со 3GB/32GB и околу 130 долари за варијантата со 4/64GB.
Извор: Benchmark