Astro може да се користи како робот за надзор во куќите, може да ги следи луѓето низ собите, да носи работи, да пушта музика итн.
Amazon вчера го претстави својот прв домашен робот, кој медиумите го опишаа како „Alexa на тркала“. Роботот Astro првично ќе биде достапен само за ограничен број луѓе по цена од илјада долари, а потоа треба да стане достапен за секого. Меѓутоа, со оглед дека роботот нема некои напредни карактеристики, прашањето е колку навистина луѓето ќе издвојат пари за него.
Се состои од две тркала (12 инчи во дијаметар), мал простор за складирање и екран. Доаѓа со пет вградени мотори, камери, сензори, а исто така има и перископска камера која може да се подигне над нивото на масата, што треба да помогне во поефективен надзор.
Надзор на куќата е една од можностите што Amazon ги спомена за време на својата презентација. На пример кога куќата е празна, Astro може да се активира преку апликацијата за да направи неколку круга низ станот и да служи како робот за следење. Роботот може да ја мапира површината на станот и да се движи низ него избегнувајќи ги сите пречки, слуша гласовни команди (го поддржува асистентот Алексa) може да прочита временска прогноза, да одговори на разни прашања, да се користи за видео повици и да го следи сопственикот наоколу куќата, пушта музика и слично.
Како друга опција која може да се користи е да се пренесат работите од една соба во друга (кога некој, на пример, е мрзелив да го земе телефонот на неговиот партнер, го става на Astro и му дава команда да оди во другата соба), и има два држачи за чаша / шише, и во него може да се стави шише пиво и да се испрати до луѓето што го гледаат натпреварот на каучот. Исто така, Астро има два звучници кои се доста гласни, и бидејќи роботот постојано ги следи луѓето, може да се користи како мобилен / пренослив звучник.
Но, ако очекувате правосмукалка или чистење од него, ќе бидете разочарани, а прашањето е како ќе реагира роботот во просторија во која има помали деца кои би можеле да седнат на него или да ја тестираат неговата издржливост. Амазон се надева дека со текот на времето, роботот ќе станува се подобар и подобар, бидејќи покрај тоа што ќе може да учи од навиките на станарите и да се прилагоди на нив, со текот на времето, програмерите ќе можат да изработат апликации кои ќе ги зголемат неговите способности.
Набргу по воведувањето на Астро, медиумите ги објавија приказните за некои од луѓето кои работеле на роботот и не биле многу импресионирани од неговите способности. Едно неименувано лице го нарече „катастрофа која не е подготвена да се претстави“, додека друг рече дека не може добро да се движи по скалите. На ова реагираше и Амазон, нагласувајќи дека станува збор за постари приказни кои не можат да се применат на сегашниот модел на овој робот.
Каков навистина е Astro треба да се дознае во текот на следните неколку месеци кога навистина ќе почне да се користи од домаќинствата.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли