Повеќето егзопланети што астрономите ги пронашле во вселената орбитираат околу една ѕвезда. Неколку од нив орбитираат околу две, но досега не сме забележале далечна планета како орбитира околу три ѕвезди во исто време.
Но, неодамна, научниците најдоа индикации за раѓање на млад свет кој има три ѕвезди околу себе.
Се работи за системот GW Orionis, кој се состои од две ѕвезди кои орбитираат една околу друга на приближно исто растојание како Земјата од Сонцето, и трета која орбитира околу нив на растојание неколкупати поголемо од тоа.
Овој систем е оддалечен околу 1.300 светлосни години и се наоѓа во соѕвездието Орион. Тој е опкружен со огромен диск од прашина и гас, што е вообичаено за младите ѕвездени системи во кои се формираат планети, пишува New York Times.
Необичен систем
Но, овој систем не е само посебен по тоа што има три ѕвезди – интересно е што неговиот диск е поделен на два дела, а надворешниот е навален за околу 38 степени.
Научниците се обидуваат да откријат што се случува таму. Некои сугерираат дека оддалеченоста во дискот може да се должи на формирањето на една или повеќе планети. Во овој случај, сведоци сме на создавање на првата позната планета која орбитира околу три ѕвезди одеднаш.
Неодамна беше направен детален модел на системот GW Orionis, а експертите веруваат дека масивна гасовита планета како Јупитер може да биде најдобро објаснување за празнината во дискот прашина.
Секој што го гледал оригиналниот серијал „Star Wars“ на режисерот Џорџ Лукас, знае за планетите со две ѕвезди кои наизменично се појавуваат на небото. Но, планета која орбитира околу три ѕвезди би била уште поневообичаена. Кога на неа би имал каква било форма на живот, не би ги следела трите сонца. Наместо тоа, планетата би „гледала“ само две бидејќи двете внатрешни ѕвезди би изгледале како една светла точка на небото, бидејќи се толку блиску една до друга.
„Star Wars пропуштија некои работи“, рече астрономот Ребека Нилон од Универзитетот Ворвик во Англија.
Студијата со наслов GW Ori: Circumtriple Rings and Planets беше објавена во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.
Извор: B92.net
Поврзани артикли