Сегашната, четврта генерација Toyota Prius полека станува старомодна.

На јапонскиот хибрид, кој стапи на сцена во 2015 година, очајно му треба темелен ремонт, и покрај бројните освежувања и специјални изданија кои имаме можност да ги видиме секоја година.

Ако сте меѓу оние кои чекаат нова верзија на Prius, извештај од Јапонија сугерира дека новитетот може да пристигне веќе следната година, поточно до декември 2022 година. Сепак, постојат дополнителни шпекулации поврзани со моторот со внатрешно согорување кој користи водород како гориво.

Ако ова ви звучи познато, гласините се всушност во паралела со еден извештај од овој месец, објавен од Forbes, поврзувајќи го новиот Prius со Corolla со водороден мотор со внатрешно согорување. Покрај горивни ќелии, Toyota има развиено и класичен клипен мотор, прилагоден за согорување на водород. Резултатот се рефлектира во речиси нула емисија на CO2, со многу мало присуство на NOx.

Сега, на глобалната мрежа пристигнаа дополнителни информации поврзани со гласините, кои велат дека истиот погон од Corolla ќе се најде кај следната генерација на Prius во PHEV поставка. Сепак, ќе поминат три години пред овој погонски систем да се имплементира во сериски автомобил, што значи дека PHEV Prius на водород ќе пристигне на патиштата во 2025 година.

Во овој поглед, се очекува дека следната година на сцена ќе влезе новиот модел со стандарден погонски систем и секако нов дизајн. Моделот со погон на водород ќе пристигне неколку години подоцна, што не е толку лошо, бидејќи соодветната инфраструктура ќе биде дополнително развиена во меѓувреме.

Споменатиот рок се однесува, се разбира, на Јапонија, така што треба да се очекува да се прилагодат роковите за другите пазари, токму поради споменатата инфраструктура.