Француската фармацевтска компанија Sanofi ги откажа плановите за производство на сопствена вакцина темелена на мРНА технологија против Ковид-19, поради доминантната пазарна улога на корпоративниот сојуз меѓу Pfizer/BioNTech и Moderna во борбата против пандемијата, соопшти денеска париската дирекција на компанијата.
Британските медиуми пренесуваат дека француската фармацевтска групација место тоа ќе се фокусира на напорите со британскиот партнер GlaxoSmithKline да лансираат конвенционална вакцина темелена на протеини против COVID-19, што во моментов масовно се тестира.
Одлуката за запирање на клиничкиот развој на мРНА вакцината на Sanofi е донесена и покрај позитивните резултати од првата и втората фаза од клиничките испитувања што денеска беа објавени, а со кои се потврди дека оваа вакцина стимулира силен имунолошки одговор.
Sanofi информира дека резултатите од клиничките истражувања се поттик за мРНА технологијата во иднина да се користи за да се направат вакцини против грип и други болести.