Google Pixel уредите се познати по своите можности на камерите, а софтверските подобрувања на Google ги прават овие камери едни од најдобри на пазарот, иако не ги имплементираат најмоќните сензори. Сега делува дека Google планира да постави нови стандарди со камерите во рамките на Google Pixel 6 серијата.
Според новите информации до кои дојде XDA-developers тимот, новите Pixel 6 (Pro) камери би можеле да имаат 50MP Samsung GN1 главен сензор, со 12MP Sony IMX386 ултраширок и 48MP Sony IMX586 4X телефото сензор.
Се сугерира дека претстојните уреди ќе можат да поддржуваат 4K снимање видео @ 60fps. XDA напоменува дека Pixel 6 Pro поддржува 4K @ 60fps само за главната камера, а не за ултрашироката и телефото камера, кои се ограничени на 4K @ 30fps. Кога се снима во 4K @ 30fps, корисниците можат да се префрлаат помеѓу три камери без прекин.
Уште некои нови карактеристики на камерата вклучуваат рачно подесување на балансот на белата боја, magic eraser, face deblur, заклучување на екранот и друго. Magic eraser е една од поинтересните нови функции, а ќе им овозможи на новите Pixel телефони да отстрануваат предмети или луѓе од фотографиите.
Face deblur ќе креира повеќе фотографии со главниот сензор и ќе ги комбинира во една HDR фотографија. Исто така, се споменати и функции како што се motion blur, nima aesthetic, baby mode и друго.