Почна продажбата на iPhone 13 серијата телефони, а кинескиот блогер WekiHome објави видео од расклопувањето на iPhone 13 Pro моделот. Видеото нуди детали за сите поголеми компоненти, а го дознаваме и точниот капацитет на батеријата – 3095mAh.
Ова претставува зголемување во однос на iPhone 12 Pro, кој има капацитет на батеријата од 2815mAh. Apple во текот на презентацијата истакна дека новиот модел би требало да трае до 1,5 час повеќе со едно полнење во однос на својот претходник. Батеријата има L облик и е креирана од Sunwod Electronic Co.
Вкупно гледано, внатрешноста на 13 Pro моделот не се разликува премногу од 12 Pro, но има повеќе прилагодени елементи. Интересно е дека екранот го обезбеди Samsung, кој е главен снабдувач за RAM. Kioxia е задолжена за Flash меморијата.
Apple го ажурираше и 5G модемот на Qualcomm X60 и овој пат користи помал Taptic Engine. Погоре можете да го погледнете видеото од расклопувањето на iPhone 13 Pro.
Поврзани артикли