Компанијата Microsoft произведе глувче под името Ocean Plastic Mouse, кое е направено од рециклирана пластика од океаните.
Куќиштето, односно школката на маусот е всушност (20 проценти) направена од рециклиран пластичен отпак собран од океаните и другите води. Со процесот на обработка настанува пластична смола, која се меша со другите материјали, а од таа мешавина настанува и маусот. Во изработката на глувчето 20 отсто од материјалите ги сочинува рециклираната пластика.
Освен тоа, пакувањето во кое пристигнува глувчето е направено од дрво и шеќерна трска и исто така може во целост да се рециклира, а не содржи никаква пластика. Исто така, можно е бесплатно да му се испрати на Microsoft стариот маус на рециклажа.
Ocean Plastic Mouse глувчето содржи три копчиња, поддржува Bluetooth 4.0 и има досег до 10 метри. Од Microsoft тврдат дека маусот ќе работи со една AA батерија до 12 месеци.
Продажбата на глувчето почнува на 5. октомври, по цена од 25 долари.
Г