Huawei ја претстави најновата серија телефони од средниот сегмент, со моделите Nova 9 и Nova 9 Pro. Смартфоните ги краси OLED дисплеј, 50MP главна камера и Qualcomm Snapdragon 778G 4G чипсет.
Nova 9 Pro има поголем екран, со две 32MP камери, VC ладење од графен и нуди полнење на батеријата до 100W преку USB-C порт. Остатокот од спецификациите е заеднички за двата уреда, вклучувајќи го и најновиот HarmonyOS 2.
Huawei Nova 9 има 6.57-инчен OLED дисплеј со FHD+ резолуција и 120Hz стапка на освежување, додека Nova 9 Pro користи 6.72-инчен панел. Стандардниот модел има една 32MP селфи камера во punch-hole отвор, додека Pro моделот има 32MP селфи камери, од кои другиот сензор е ултраширок. Двата телефона имаат сензор за отпечатоци од прсти под екранот.
На задната страна на двата Nova 9 модела се наоѓа 50MP RYYB сензор за главната камера, со 8MP ултраширока камера и два 2MP модула – макро и сензор на длабочина. Стандардниот Nova 9 има 4300mAh батерија, со поддршка за 66W полнење. Nova 9 Pro има капацитет на батеријата од 4000mAh, со поддршка за брзини на полнење до 100W.
Huawei Nova 9 серијата телефони пристигнува во сина, зелена и црна боја, а во продажба ќе се најде од 29. септември. Nova 9 со 8GB RAM и 128GB простор за складирање чини околу 420 долари, додека 8/256 GB модел чини околу 465 долари. Основниот Nova 9 Pro модел, со 8GB RAM и 128GB простор, чини околу 542 долари, додека 8/256 GB верзијата чини околу 605 долари.
Поврзани артикли