Русија почна со подготовки за испраќање човек на Месечината и веќе се издвоени средства за овој проект, се наведува во документот објавен од „Роскосмос“.
„Роскосмос“ објави тендер за проучување на проблематични прашања за организација на летови со екипаж до Месечината, а на крајот од тој процес треба да се направат списоци со барања кои вселенската технологија треба да ги задоволи за организација на такви мисии.
Цели на истражувањето се: да се дадат предлози, препораки, барања за перспективни технологии, за елементи на ракетна и вселенска технологија, што обезбедува сигурна реализација на летови со луѓе до Месечината, работа на космонаути во орбитата на Месечината и површината на Месечината.
Истовремено, треба да се земе предвид потребата за решавање на медицинско-биолошките проблеми, се наведува во документот. Вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи (23,4 милиони долари).
Официјалните документи на „Роскосмос“ укажуваат дека првите летови до Месечината ќе бидат изведени со ракетата Ангара, користејќи мал транспортен брод.