Постојат голем број начини и програми кои овозможуваат преземање на YouTube видеа на веб. Некои од овие решенија не се безбедни, а тука е и стариот добар начин – снимање видео на десктопот.
Сега YouTube официјално понуди поедноставно и побезбедно решение за корисниците на компјутерите – download копче! Оваа опција моментно е достапна како експериментална функција за Premium претплатниците. Тоа не претставува изненадување, бидејќи YouTube веќе нуди преземање на видеа на мобилните уреди за своите претплатници.
Откако ќе се овозможи функцијата, корисникот ќе го види копчето за преземање покрај share опцијата под видеото, или во рамките на менито со три точки. По преземањето на видеото, содржината се сместува во офлајн библиотеката на YouTube.
Видеото е можно да се преземе во резолуции помеѓу 144p и 1080p. Во овој момент на тестирање, не постои лимит за големината на видеата што можат да се преземат (освен вообичаните рестриквии кои зависат од слободниот простор на дискот).
Опцијата за преземање на YouTube видеа на компјутерите е достапна во рамките на Chrome, Edge и Opera веб-прелистувачите.