Препознавањето на лицето не е ограничено само на луѓето, бидејќи истражувачите развија систем за откривање на лице “PrimNet”, кој треба да помогне да се зачуваат загрозените примати со нивно следење на неинвазивен начин.

Апликацијата на Андроид има пристап базиран на нервните мрежи, кој што им овозможува на теренските работници да ги следат шимпанзата, златните мајмуни, лемурите едноставно со нивно фотографирање.

Научниците го истренирале “PrimNet” преку илјадници референтни фотографии. Тоа е потешка работа отколку што звучи. Бидејќи кај приматите може да има големи разлики во косата, крзното, бојата на очите итн. Тимот мора рачно да ги обележи очите и устата, за да го олесни функционирањето на апликацијата.

Во пракса, “PrimNet” и неговата мобилна апликација имаат тенденција да имаат “точност поголема од 90 проценти”. Тоа не е идеално, но апликацијата заедно со пристапот “top five” би можеле да бидат доволни. Креаторите се надеваат дека на овој начин ќе опфатат повеќе примати. Кодот ќе биде отворен, така што секој би можел да ја користи апликацијата, вклучувајќи агенти кои работат против трговијата со луѓе.

Извор: PCPress.rs