HMD Global изгледа се приклучува на големата листа производители кои претставиле или планираат таблет уред за оваа есен. Компанијата на Twitter објави тизер за презентацијата која ќе биде одржана на 6. октомври.
Од тизерот може да се заклучи дека компанијата во текот на овој настан планира официјално да претстави таблет со Nokia бренд. Тизерот ги покажува раните и модерни Nokia телефони, а финалниот објект е кутија која е значително поголема од сите останати уреди.
Претходните извештаи сугерираа дека HMD Global навистина планира објава на Android таблет. Производот би можел да го носи името Nokia T20, а може да има 10,36-инчен дисплеј, 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци. Тука е и 4G поддршката. На еден малопродажен сајт се појавија и цените: околу 257 долари за стандардниот и 280 долари за 4G моделот.
Можно е дека на 6. октомври би можеле да видиме и некој нов Nokia телефон, а претходно од компанијата за оваа година најавија достапни 5G модели. Меѓу нив се очекува и Nokia G50 5G, како и Nokia X50 со 108MP главна камера.