Кога ќе блокирате некого на Instagram, тој нема да биде известен за тоа што сте го направиле, а исто е и ако вие сте блокираните. Како можете да проверите дали некој ве блокирал на оваа социјална мрежа?
Ако забележите дека некое време не сте виделе објави од одредено лице, едноставното објаснување може да биде дека тоа лице нема ништо објавено. Но, исто така е можно и тоа лице да ве блокирало.
Ако се сомневате дека станува збор за блокада, тоа е многу лесно да се провери. Еве како.
– Побарајте го профилот за кој се сомневате дека ве блокирал;
– Ако тој профил е приватен и не можете да го пронајдете, веројатно сте блокирани;
– Ако профилот е јавен и кога ќе го отворите не можете да ја видите профилната фотографија, бројот на објави, следбеници и слично, а наместо фотографија стои „No Posts Yet“, сигурно сте блокирани;
– Доколку кога ќе се вклучите на компјутер и ќе внесете Instagram.com/(корисничкото име) се појави страница со текст „Sorry, this page isn’t available“, веројатно сте блокирани (под претпоставка дека тоа лице не го деактивирало профилот).
Како ќе проверите дали некој го избришал профилот?
Посетете некој профил за кој знаете дека тоа лице го следел и погледнете ги коментарите и лајковите. Ако го пронајдете името што го барате, профилот е активен, а вие сте добиле блокада.
Исто така, можете да повикате пријател и да пребарате од неговиот профил или да направите сосема нов профил. Ако и во двата случаи можете да ја пронајдете личноста за која се сомневате дека ве блокирала и да ја гледате содржината на профилот, дефинитивно сте блокирани.