Извештаите од јуни годинава сугерираа дека Huawei повеќе не планира да објавува нови премиум телефони, по P50 серијата претставена во јули. Извештаите и гласините сугерираа дека Huawei нема да ја објави вистинската Mate серија, а сето тоа поради проблеми со санкциите воведени од САД.
Новиот извештај (кој го објави експерт од Display Supply Chain Consultants) тврди дека премиум моделот од Mate серијата се уште е во план за објавување во текот на четвртиот квартал оваа година. Давин Наранјо тврди дека Huawei ќе ја претстави Mate 50 серијата во текот на октомври.
Huawei веќе најави глобална презентација, која ќе се одржи на 21 октомври во Виена, но компанијата не објави кои уреди ќе ги претстави. Тизерот за настанот укажува на P50 Pro, но новиот извештај го поставува прашањето дали ова сепак може да биде модел од претстојната Mate серија, поради малку различната испакнатост за камерите одзади.
Засега нема премногу информации за Mate серијата кога станува збор за дизајнот, но се очекува сличен или подобрен систем на камери во споредба со Huawei P50. Способноста да се имплементираат Qualcomm чипови е исто така во фаза на подготвка, бидејќи Huawei успеа да го испорача стандардниот P50 со Snapdragon 888 чип.