Sony PlayStation 5 конзолата пристигнува со фиксна количина на простор за складирање податоци. За оние кои сакаат повеќе простор за сместување на своите омилени игри, пристигнуваат убави вести.
Неодамна Sony објави ажурирање за PS5 кое го отклучува SSD слотот во конзолата. Тоа значи дека корисниците сега сега можат да ја отворат конзолата и да додадат свој SSD доколку им е потребен дополнителен простор. Претходно оваа опција им беше достапна само на бета тестерите.
Сепак, Sony објави и листа на барања кои SSD дисковите ќе мораат да ги исполнат за да бидат подобни за PS5. Според информациите од страницата за поддршка на Sony, SSD кој го бира корисникот мора да биде M.2 SSD, а не M.2 SATA SSD. Исто така, целосниот SSD мора да биде форматиран за PS5 и не може да се подели на партиции.
Според наведеното, SSD не може да има свој проводник на топлина, а Sony ова го препорачува поради тоа што користењето на ваквите модели може да влијае на ефективноста на проводникот на топлина во конзолата. На крајот, SSD мора да биде барем 5500 MB/s брзина и PCIe Gen4 интерфејс.
Поврзани артикли