Минатата година, Samsung го претстави Galaxy S20 Ultra со поддршка за 45W полнење, но оваа година компанијата ја намали брзината на полнење на батеријата на 25W за S21 Ultra. Сепак, најновите гласини сугерираат дека S22 Ultra следната година ќе се врати на претходните брзини на полнење.
Оваа информација беше објавена од дојавувачот Ice Universe, кој посочува дека за Galaxy S22 Ultra е 100% потврдено дека ќе поддржува полнење на батеријата од 45W (10V / 4.5A).
Иако изворот не посочи дали споменатиот 45W адаптер за полнење ќе се нуди во пакувањето на S22 Ultra моделот, постои голема шанса дека корисниците ќе мора издвојат дополнителни средства за купување на засебен полнач. Исто така, не е јасно дали и другите S22 модели ќе нудат поддршка за полнење од 45W, или ќе го задржат 25W како S21 линијата.
Кога станува збор за капацитетот на батеријата, 3C сертификацијата потврди дека Galaxy S22 Plus ќе има батерија од 4500mAh, додека Galaxy S22 Ultra ќе има батерија од 5000mAh.
Поврзани артикли