Huawei на 23. септември ќе ја претстави Nova 9 серијата телефони, но двата телефона од оваа линија се веќе поставени онлајн. Nova 9 Pro се појави на TENAA листинг, со ознака на модел RTE-AL00 и листа на спецификации.
Покрај тоа, смартфонот се појави и на фотографии, а доста потсетува на Honor 50 серијата, што сугерира дека развојот на две линии почнал пред да се раздвојат двете компании. Гласините сугерираат и дека двата модела делат некои заеднички карактеристики, вклучувајќи го чипсетот, големината и батеријата.
Huawei Nova 9 Pro ќе има 6,72-инчен екран со освежување 120Hz, главна камера на задната страна од 50MP (со 8MP и два сензори од 2MP). Од предната страна ќе се најдат две селфи камери од 32MP (веројатно широка и ултраширока).
Системот на камери за Nova 9 Pro е различен од оној за Honor 50 Pro, но двата телефона ја делат истата големина на модулот. Тука е и истиот процесор од 2,4 GHz, а Huawei наводно повторно ја изостави 5G конекцијата и ќе го ограничи Snapdragon 778G на LTE мрежите, поради актуелните санкции наметнати од САД.
Поврзани артикли