Одложените европски аспирации на Македонија може да имаат и негативно влијание врз пазарот на електронски комуникации и може да доведат до натамошно забавување на имплементацијата на 5G во државата
Како што раната имплементација на 5G инфраструктурата зема замав низ Западна Европа, повеќето земји во Источна Европа се наоѓаат во многу различни фази кога станува збор за нивното индивидуално воведување на 5G. Поради различните технички, правни, па дури и политички контексти, овие земји треба да донесат тешки одуки за тоа што ќе прават понатаму.
Тековната дебата во Европската унија за тоа како најадекватно да се обликува и заштити сигурната имплементација на 5G технологијата во домашното законодавство на членките на ЕУ, стигна до државите кои аплицираат за пристапување во Унијата. Иако земјите како Србија сè уште се двоумат околу тоа на кој 5G провајдер да му веруваат, можностите за подобрување на инфраструктурата и заживувањето на растот на нивните економии може да се покажат примамливи и за останатите, како Северна Македонија или Албанија, кои се на почетокот на процесот на воведување на 5G.
Во годините откако Северна Македонија го доби кандидатскиот статус за Европската унија, пристапувањето на земјата беше забавено поради споровите со Грција, а подоцна и Бугарија. Со оглед на тоа што вториот спор се уште не решен, не се очекува напредок во блиска иднина. Одложените европски аспирации на Македонија може да имаат и негативно влијание врз пазарот на електронски комуникации и може да доведат до натамошно забавување на имплементацијата на 5G во државата. Задоцнетата европска интеграција ги отежнува сите процеси во рамките на телекомуникациите, вклучувајќи го и воведувањето на долгоочекуваната 5G технологија.
Германската канцеларка Ангела Меркел за време на посета на Тирана ги истакна стратешките интереси на Европската унија за интегрирање на балканските држави во ЕУ, повикувајќи ги Албанија и другите земји во регионот да направат повеќе за демократските реформи за да се приклучат. „Државите од Западен Балкан – вклучувајќи ги Србија, Босна, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово – со децении бараат членство во ЕУ. Но, поради блокираниот интерес на блокот за проширување и годините на дипломатски кризи со кои се соочи ЕУ со излегувањето на Велика Британија од унијата, овие балкански држави беа оставени да бараат други сојузи“, рече Меркел.
Северна Македонија и Албанија се меѓу земјите-членки на НАТО што потпишаа меморандум за разбирање со Соединетите држави за безбедноста на 5G технологиите, врз основа на кои овие земји се обврзуваат да работат само со „доверливи“ добавувачи на 5G мрежи. Како резултат на тоа, предложените ограничувања ја истакнуваат тензијата помеѓу почитувањето на правото и принципите на ЕУ, од една страна и политичките размислувања, од друга страна.
Во согласност со тоа, Северна Македонија предложи две нови мерки според подзаконскиот акт на Законотза електронски комуникации, кои настојуваат да се ограничи или исклучи употребата на опрема од провајдери на телекомуникациски мрежи кои се класифицирани како „високоризични“. Како и другите предлози за безбедноста на 5G мрежата и сајбер безбедноста во другите земји-членки на ЕУ и надвор од ЕУ, главното оправдување на Македонија е националната безбедност и потребата од заштита на критичната инфраструктура од влијанието на владите од трети земји. Новите предлози доаѓаат краток период откако АЕК ги покани телекомуникациските оператори да го искажат својот интерес за учество на планираната аукција за распределба на фреквенции за 5G мрежите во јуни 2021 година.
Предлозите на Северна Македонија обезбедуваат, најпрвин, методологија за проценка на ризикот што овозможува исклучување на снабдувачите поради заштита од националните безбедносни ризици и ризици што произлегуваат од присуството на добавувачи од трети земји во синџирот на снабдување. Второ, исклучувањето не се однесува само за добавувачите на опрема за критичните делови на 5G мрежата, туку и за добавувачите на опрема за широкиот спектар на делови од фиксната и мобилната телекомуникациска мрежа, вклучувајќи ги и претходните генерации, кои се предложени во нацрт-листата на критични компоненти и чувствителни делови.
Прашањето е дали овие критериуми се спротивни на останатите локални закони и уставното право. Во случај на нацрт-предлози на Македонија, природата на ризикот за националната безбедност не е дефинирана. Повикувањето на „ризикот од вклучување трета земја во синџирот на снабдување“ е исто така исклучително широко и донекаде несоодветно во светло на меѓународните синџири за снабдување за сите провајдери и производители на телекомуникациска мрежна опрема низ целиот свет. Меѓутоа, кога ризикот не е правилно дефиниран или само се споменува со генерички термини, мерката не може да биде соодветна за заштита од таков ризик.
Во согласност со основните принципи на правото на ЕУ, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ го одобрија пристапот кој во целост е заснован на ризик, а земјите-членки треба да делуваат „со целосна почит кон отвореноста на внатрешниот пазар на ЕУ“. Нацрт-предлозите на Македонија во денешен облик отстапуваат од општите принципи на правото на ЕУ, како и заедничкиот пристап договорен на ниво на ЕУ. Само објективно, транспарентно, правично, а посебно пропорционално регулирање на 5G мрежите може да ја заштити националната безбедност од јасно идентификуваните ризици во согласност со правото на ЕУ.
In line with the fundamental principles of EU law, the European Commission and EU member states have endorsed a fully risk-driven approach, and member states are to act “in full respect of the openness of the EU Internal Market“. The North Macedonian draft proposals as they stand today deviate from the general principles of EU law as well as the joint approach agreed upon at the EU level. Only an objective, transparent, fair, and, in particular, proportionate regulation of 5G networks can safeguard national security against clearly identified risks in compliance with EU law.
Поврзани артикли