LG ја претстави Direct View LED (DVLED) Extreme Home Cinema линијата, која е наменета за употреба во екстремно луксузни домови.
Телевизорот се потпира на истиот основен концепт и користи милиони LED диоди (помеѓу два и 33 милиони) за да формира целосна слика во прилагодени форми. Исто така, може да се прилагодува за да прикажува големини помеѓу 81 и 325 инчи.
За да ги користат овие екстремни големини, корисниците ќе мораат да се задоволат со сооднос од 16:9, но можно е да го користат UltraStretch форматот од 32:9 ако сакаат да гледаат неколку видео извори истовремено.
За приказ на содржини во 8К резолуција ќе бидат потребни DVLED модели со 33 милиони пиксели, а тука се и опциите со 4K и 2K приказ. За Smart TV функциите задолжена е WebOS контролната кутија.
LG почна да прифаќа нарачки за овие Direct View LED (DVLED) Extreme Home Cinema уреди, а не претставува изненадување што компанијата не ја објави цената за секој од системите, бидејќи секоја нарачка ќе биде прилагодена на потребите на корисникот. LG проценува дека само инсталацијата, гаранцијата и поддршката ќе чинат 30.000 долари.